1994
| < XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
| 01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
| 31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
| 41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
| 51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
| 61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
| 71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
| 81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
| 91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
| Грегоријански календар | 1994 MCMXCIV |
| Ab urbe condita | 2747 |
| Асирски календар | 6744 |
| Бахајски календар | 150–151 |
| Бенгалски календар | 1401 |
| Берберски календар | 2944 |
| Будистички календар | 2538 |
| Бурмански календар | 1356 |
| Византиски календар | 7502–7503 |
| Еврејски календар | 5754–5755 |
| Ерменски календар | 1443 ԹՎ ՌՆԽԳ |
| Етиопски календар | 1986–1987 |
| Календар Игбо | |
| - Нри-Игбо | 994–995 |
| Ирански календар | 1372–1373 |
| Исламски календар | 1414–1415 |
| Јапонски календар | Хеисеи 6 (6年) |
| Јулијански календар | Грегоријански минус 13 дена |
| Кинески календар | 癸酉年月日 (4630/4690) — до —
甲戌年月日(4631/4691) |
| Коптски календар | 1710–1711 |
| Корејски календар | 4327 |
| Календар Мингуо | Република Кина 83 民國83年 |
| Селевкидски календар | 2305–2306 |
| Тајландски сончев календар | 2537 |
| Хиндуистички календари | |
| - Викрам самват | 2050–2051 |
| - Шака самват | 1916–1917 |
| - Кали југа | 5095–5096 |
| Француски револуционерен календар | CCII–CCIII 202–203 |
| Холоценски календар | 11994 |
| Џуче-календар | 83 |
1994 (MCMXCIV) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1994. година од новата ера, 994. од вториот милениум, 94. од 20 век и петта од 1990-тите.
Содржина
Други календари[уреди]
Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7502 и 7503 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6744 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5754 и 5755 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2747.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1994. година се протега во 4630 и 4631, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4690 и 4691 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2537. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1414 и 1415 исламска година. 1994 (MCMXCIV) е непрестапна година што започнала во сабота и е прогласена за „Меѓународна година на фамилијата“ и „Меѓународна година на спортот и олимпискиот идеал“.
Настани[уреди]
јануари[уреди]
- 1 јануари – Стапува на сила Северно-американскиот договор за слободна трговија.
- 1 јануари – Запатистичката армија за национално ослободување ја започнува својата војна во Чијапас, Мексико.
- 10 јануари – Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон Конвенцијата за меѓународен превоз со железница од 1980 година.
- 11 јануари – Република Финска и Република Македонија воспоставија дипломатски односи.
- 14 јануари – Фудбалскиот сојуз на Македонија стана придружен член на Европската фудбалска унија.
- 26 јануари – Во Рим, Република Македонија е примена за полноправен член на Меѓународната банка за финансирање на развојот на земјоделството (ИФАД).
- 31 јануари – Швајцарската Конфедерација и Принципатот Лихтенштајн воспоставија дипломатски односи со Република Македонија.
- 31 јануари – Во Скопје е формирано Друштво на македонско - турско пријателство и соработка.
февруари[уреди]
- 5 февруари – Врз сараевскиот пазар Маркале е испалена граната при што загинаа 68 лица.
- 12 февруари – Отворени се Зимските олимписки игри во Лилехамер, Норвешка.
- 14 февруари - Народна банка на Република Македонија започна да издава кусорочни хартии од вредност - благајнички записи.
- 16 февруари - Грција воведува целосна економска блокада врз Република Македонија.
- 28 февруари - Авиони на НАТО алијансата соборија 4 авиони на босанските Срби над централна Босна, заради навлегување во зоната на забрането летање, со што за прв пат директно се вмешаа во Босанската војна.
март[уреди]
- 6 март – На референдум во Молдавија гласачите го отфрлија евентуалното обединување со Романија.
- 15 март – Американските трупи се повлекоа од Сомалија.
- 18 март – Во Вашингтон е потпишан договор за воспоставување муслиманско-хрватска федерација во Босна и Херцеговина.
- 21 март - Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон постојаниот комитет за информирање за индустриска сопственост на Светската организација за интелектуална сопственост.
април[уреди]
- 6 април – Руандскиот претседател Жувенал Хабјаримана и бурундскиот претседател Сиприен Нтарјамира загинуваат по соборувањето на нивниот авион близу Кигали, Руанда. Овој напад го поттикна Руандскиот геноцид.
- 16 април – Гласачите во Финска на референдум го поддржаа зачленувањето на Финска во Европската Унија.
- 27 април – Во Јужноафриканската Република се одржаа првите повеќерасни избори.
мај[уреди]
- 1 мај - Во трката за Големата награда на Сан Марино, загина Ајртон Сена, еден од најголемите автомобилисти на сите времиња.
- 10 мај – Нелсон Мандела е инаугуриран како прв црнечки претседател на Јужноафриканската Република.
- 12 мај - Со руско посредство, склучено е примирје со што е прекината ерменско - азербејџанската војна во Нагорно-Карабах.
- 17 мај - Во Малави се одржуваат првите повеќепартиски избори.
јуни[уреди]
јули[уреди]
- 25 јули – Израел и Јордан го потпишуваат Израелско-јорданскиот мировен договор со кој формално завршува воената состојба помеѓу двете држави од 1948 година.
- 17 јули - Бразил ја победи Италија 3:2 на пенали на Светското првенство во фудбал по 0:0 завршено регуларно време.
август[уреди]
септември[уреди]
октомври[уреди]
- 16 октомври - Се одржува првиот круг на Претседателските и Парламентарните избори во Република Македонија. Киро Глигоров е повторно избран за Претседател на Република Македонија, со освоени 52,4% од гласовите. ВМРО ДПМНЕ не ги прифати резултатите од изборите.
- 20 октомври - Амбасадорот на Република Македонија во Руската федерација, Гане Тодоровски, му ги предаде акредитивите на претседателот Борис Елцин.
- 30 октомври - Се одржува вториот круг на Парламентарните избори во Република Македонија. Коалицијата Сојуз за Македонија, предводена од СДСМ, оствари уверлива победа. ВМРО ДПМНЕ не ги прифати резултатите од изборите и се откажа од учество во работата на Парламентот.
ноември[уреди]
- 13 ноември - Гласачите во Шведска на референдум го поддржаа зачленувањето на Шведска во Европската Унија.
- 15 ноември - Објавени официјалните резултати од пописот, кои покажаа дека во Република Македонија има 1.936.877 жители.
- 28 ноември - Гласачите во Норвешка на референдум го отфрлаат зачленувањето на нивната земја во Европската Унија.
декември[уреди]
- 11 декември – Руските трупи навлегуваат во Чеченија со што започнува Првата чеченска војна.
Родени[уреди]
Починале[уреди]
- 9 март - Хенри Чарлс Буковски, американски поет и писател
- 28 март – Ежен Јонеско, француски и романски писател
- околу 5 април – Курт Кобејн, американски музичар
- 22 април – Ричард Никсон, американски претседател
- 1 мај – Ајртон Сена, бразилски автомобилист
- 29 мај – Ерих Хонекер, источно-германски лидер
- 8 јули – Ким Ил Сунг, северно-корејски диктатор
- 17 септември – Карл Попер, австриски и британски философ
- 20 октомври – Берт Ланкастер, американски актер
Видете исто:
| „1994“ на Ризницата ? |

