Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 90.661 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Glass-half-full.jpeg

Флуорирање на водата — контролирано додавање флуориди во водата за пиење со цел да се намали расипувањето на забите. Флуорираната вода содржи флуориди на ниво, кое ќе биде делотворно за заштита од кариес; таа може да настане по природен пат или со додавање флуориди. Флуорираната вода влијае на површината на забите, односно во устата образува ниски нивоа на флуориди во плунката, со што се намалува степенот со кој глеѓта ги намалува минералните состојки и го зголемува степенот за повторно создавање минерални состојки во раната фаза на кариесот. Најчесто во водата за пиење се додава смеса од флуориди, постапка која во САД просечно чини околу 0,92 долари по човек годишно. Дефлуоридацијата е потребна доколку природното ниво флуориди ги надминува препорачаните граници. Комисија од стручњаци на Светската здравствена организација во 1994 година предложила ниво на флуориди од 0,5 до 1.0 мг/л (милиграм во литар), зависно од климата. Водата во шишиња најчесто има непознато количество флуориди, а некои вградени филтри за вода отстрануваат дел од флуоридите или сите флуориди.

Забниот кариес во повеќето развиени земји претставува најголема грижа за јавното здравје и опфаќа 60-90% од учениците и голем дел од возрасните, а неговото лекување општеството го чини многу повеќе отколку лекувањето на која било друга болест. Флуоридирањето на водата штити од кариес како кај децата така и кај возрасните. Проценките од истражувања покажале дека со флуоридација на водата може да го намали кариесот од 18-40% кај деца кои користат таква вода и кои веќе имаат пристап до паста за заби и други извори на флуориди. Иако флуорирањето на водата може да предизвика флуороза на забите, која може да го промени изгледот на забите во развој, сепак најчесто таа е слаба и не се смета за естетски или здравствен проблем. Не постои јасен доказ за други непосакувани последици. Истражувањата со умерен квалитет ја истражувале делотворноста; најголем дел од истражувањата за несакани последици биле со низок квалитет. (Дознај повеќе...)


Слика и снимка на денот
Dülmen, Börnste, Waldweg -- 2015 -- 4649.jpg
Есен во Бернсте кај Дилмен, Северна Рајна-Вестфалија, Германија.
[[Податотека:|мини|центар|245п]]
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Западносибирската Низина
На денешен ден…

Денес е 22 септември 2017 г.

Настани:

1735  Роберт Волпол бил првиот британски премиер што се вселил во резиденцијата на „Даунинг стрит“ бр. 10, во Лондон.
1792  Во екот на војната со контрареволуцијата париските маси го зазеле дворецот во Версај и ги затвориле Луј XVI и неговата сопруга Марија Антоанета. Законодавното собрание прогласило република.
1862  Американскиот претседател Абрахам Линколн објавил декрет според кој од 1 јануари 1863 година на сите американски робови им се дава целосна слобода. Тоа било резултат од долготрајната борба на прогресивните сили на Американската граѓанска војна, кој барала брза и неодложна акција за ослободување на обесправените црнци.
1862  Ото фон Бизмарк станал канцелар на Прусија.
1933  Во Париз почнал Светскиот младински конгрес против војната и фашизмот.
1946  Во НР Македонија биле одржани првите избори за Уставотворното собрание, кое потоа го донесло првиот устав на НР Македонија.
1991  За првпат во Република Македонија бил изведен светиот чин „Опход на моштите на Свети Климент Охридски Чудотворец“ (опходот траел до 6 октомври истата година), основоположник на Македонската и на првата Словенска православна црква и втемелувач на националната самобитност на македонскиот народ.
1992  Во Штип е отворена првата приватна специјалистичка гинеколошка ординација во Република Македонија.
1992  Воспоставена е авиолинија Скопје - Москва.
1993  Во Бали, Индонезија, Република Македонија е примена во Светскиот совет за енергија.

Родени:

1515  Ана Клевска — сопруга на Хенри VIII.
1552  Василиј IV — руски цар.
1741  Петер Симон Палас — германско-руски зоолог и ботаничар.
1791  Мајкл Фарадеј — англиски физичар и хемичар.
1882  Вилхелм Кајтел — германски генерал.
1885  Гунар Асплунд — шведски архитект.
1895  Пол Муни — американски глумец.
1898  Борис Спиров — македонски лекар и политичар.
1918  Хенрик Шеринг — мексикански виолинист.
1935  Беќир Жута — македонски економист и политичар.
1945  Илија Петковиќ — српски и југословенски фудбалер и тренер.
1950  Лино Червар — хрватски ракометен тренер.
1951  Дејвид Ковердејл — англиски рок-пејач, член на групата „Вајтснејк“.
1957  Ник Кејв — австралиски рок-музичар.
1958  Андреа Бочели — италијански пејач.
1979  Дивна Пешиќ — македонска спортистка.
1980  Инио Асано — јапонски автор на манга.
1984  Тијаго Силва — бразилски фудбалер.
1984  Јукија Араширо — јапонски велосипедист.
1992  Боб Јунгелс — луксембуршки велосипедист.

Починале:

530  Феликс IV — римски папа.
1774  Климент XIV — римски папа.
1921  Иван Вазов — бугарски поет.
1938  Тодор Станков — македонски револуционер.
1944  Ибе Паликуќанароден херој на Македонија.
2009  Коле Чашуле — македонски писател.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на 285 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на фондацијата Викимедија — непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич