Оваа статија е за компанијата. За интернет пребарувачот, видете Гугл пребарување. За бројот 10100, видете Гугол.
Логото на Google Inc.
Google Inc. или Гугл е американскакорпорација специјализирана за интернет пребарувања. Помеѓу корисниците е најпозната по својот пребарувач, но покрај него нуди и многу други сервиси. Главно своите приходи ги остварува преку својот систем на рекламирање. Главно седиште на компанијата, познато под име Googleplex, се наоѓа во Калифорнија.
Основачи на компанијата се тогашните студенти Лери Пејџ и Сергеј Брин. Целата приказна ја започнуваат неофицијално во јануари 1997 на Универзитетот Стенфорд, а официјално започнуваат со работа на 7 септември1998 стартувајќи со својот интернет пребарувач. Со своите сервиси успеваат својата основна дејност, пребарување и рекламирање, да ја прошират на други подрачја како што се: електронска пошта, онлајн мапи, прикажување на видео формати и слично.