Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 83.783 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Разни гимнастички дисциплини

Гимнастикаспорт во кој се изведуваат физички вежби за кои е потребна комбинација на физичка сила, брзина и кондиција. Во современата гимнастика се изведуваат вежби на разбој, греда, партер, коњ со рачки и без рачки (прескок), кругови и вратило. Гимнастиката се развивала врз основа на вежби кои се изведувале во античко време, како јавнување и симнување од коњ и циркуски вештини. Раководниот орган на гимастиката во Македонија е Федерацијата на гимнастички спортови (ФГСМ).

Зборот гимнастика потекнува од грчкиот збор γυμναστική (гимнастике) што значи „фонд на физички вежби“, од γυμνάσια (гимназија) што значи „вежба“ и γυμνός (гиннос) што значи „гол", бидејќи физичките вежби се изведувале со голо тело.

Гимнастиката за прв пат се појавила во Египет, но тогаш се сметало дека тоа биле само акробации. Во 2 милениум п.н.е. на островот Крит, како дел од минојската култура многу мажи и жени почнале да скокаат преку бикови. Ваквата опасна вежба се состоела во скок кон бикот кој е во фаќање, држење и испуштање од неговите рогови по што следувале акробации во воздух.

Во римската држава гимнастиката исто така била популарна како и во стара Грција, а таа главно се практикувала во подготвувањето на војската. Со укинувањето на Античките олимписки игри во 393 година од страна на римскиот император Теодосиј Велики, гимнастиката како и останатите спортови останала заборавена со векови.

Дали сте знаеле…

Од најновите статии на Википедија:

Листови и желади на разни видови на даб
На денешен ден…

Денес е 4 ноември 2015 г.

Настани:

1814  Прогласен е норвешкиот устав, со кој оваа земја стана независно кралство, поврзано со Шведска само преку личен сојуз.
1893  (23 октомври по стариот календар) Во Солун, со учество на истакнатите македонски револуционери Даме Груев, Петар Поп Арсов, д-р Христо Татарчев, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев, формирана е Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО). Најголемо дело на Организацијата беше Илинденското востание во 1903 година. На Рилскиот конгрес организацијата го доби називот Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО). Покрај споменатите македонски револуцонери, носители на организацијата беа Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Димо Хаџи Димов, Јане Сандански, Никола Карев и многу други револуционери.
1944  Единиците на НОВ на Македонија по борбите што ги водеа на приодите кон Битола го ослободија градот.
2004  САД ја признаа Република Македонија под уставното име.

Родени:

1575  Гвидо Ренииталијански сликар.
1840  Огист Роден — француски скулптор.
1929  Мира Бањац — српска и југословенска театарска и филмска глумица.
1956  Џордан Рудесклавијатурист на американската прогресивна метал група „Dream Theater“.
1972  Луис Фиго — португалски фудбалер.
1978  Горка Вердуго — шпански велосипедист.
1992  Карлос Верона — шпански велосипедист.

Починале:

1847  Феликс Манделсон - Бартолди — германски композитор, пијанист и диригент.
1994  Сем Френсис — американски сликар.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на 287 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на фондацијата Викимедија — непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и друго
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич