Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 86.810 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Mario Mandžukić Bayern.jpg

Марио Манџукиќ (хрватски: Mario Mandžukić; р. 21 мај 1986 во Славонски Брод) — хрватски фудбалер, напаѓач на Јувентус и на хрватската репрезентација. Покрај тоа што е познат како плодоносен стрелец, тој е познат и по неговиот извонреден придонес во одбраната и неговата моќ во воздушните дуели.

Манџукиќ ја започнал својата кариера во Марсонија од родниот Славонски Брод, од каде што се преселил во два загрепски клуба: најпрво во НК Загреб, а потоа и во Динамо Загреб во 2007 година. Како член на Динамо Загре бил најдобар стрелец во Прва ХНЛ во сезоната 2008-09. Благодарение на неговите стрелачки способности, во 2010 година извршил трансфер во редовите на Волфсбург. По одличното учество на Евро 2012, на коешто со три погодоци бил на делба на првото место на најдобар стрелец, Манџукиќ потпишал за Бајерн Минхен. Во неговата прва сезона во клубот, тој освоил три трофеи: Бундеслигата, Купот на Германија и Лигата на шампиони; притоа, тој станал првиот Хрват кој постигнал погодок во финале на Лигата на шампиони. Во 2014 година, Манџукиќ го напуштил Бајерн Минхен и потпишал за Атлетико Мадрид, а една сезона подоцна преминал во редовите на Јувентус за 19 милиони евра.

На репрезентативно ниво, Манџукиќ дебитирал за Хрватска во ноември 2007 под водство на Славен Билиќ. Оттогаш, забележал повеќе од 65 репрезентативни настапи и учествувал на три големи натпреварувања: европските првенства во 2012 и 2016, и светското првенство во 2014 година. Тој бил избран за Хрватски фудбалер на годината во 2012 и 2013 година.

Во Хрватска е познат по прекарот Манџо, меѓутоа за време на Европското првенство 2012 година со својте одлични настапи го заработил прекарот Супер Марио по истоимениот херој од видеоиграта. (Дознајте повеќе...)


Слика и снимка на денот
Parapente - 166.jpg
Параглајдер над Пиј Де Дом во Оверњ, Франција.

Снимка на поемата Есенска песна од Пол Верлен.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

GN-z11 (десно) ставена врз слика од GOODS-Север
На денешен ден…

Денес е 17 септември 2016 г.

Настани:

1685  Лондон го зафатила голема епидемија на чума од која умреле околу 70.000 луѓе.
1939  Советските единици врз основаа на договорот Рибентроп-Молотов ја нападнале Полска и ги зазеле источните делови. Во нападот се заробени 180.000 војници и околу 9.000 офицери, а потоа почнало ликвидирањето на заробените Полјаци.
1943  Во селото Подвис, кичевско почнало да работи првото училиште на македонски јазик.
1978  Во вилата Кемп Дејвид завршиле разговорите помеѓу египетскиот претседател Садат, израелскиот премиер Бегин и американскиот претседател Картер. Притоа, биле потпишани два документа: рамки за мир на Блискиот Исток и рамки за мировен договор помеѓу Египет и Израел.
1996  Во Пекинг, на Конференцијата на интерпарламентарната унија, Република Македонија е примена во Групацијата медитерански земји.

Родени:

1922  Агостињо Нето — анголски политичар.
1552  Папа Павле Vримски папа.
1890  Франце Бевк — словенечки писател.
1905  Владан Десница — југословенски писател.
1923  Хенк Вилијамс — американски пејач и музичар.
1931  Ен Бенкрофт — американска глумица.
1945  Фил Џексон — американски кошаркар и тренер.
1952  Виктор Савченко — советски боксер.
1956  Владимир Димов — македонски политичар.
1968  Анастасија — американска пејачка.
1971  Славко Голужа — хрватски ракометар и тренер.
1975  Џими Кенет Џонсон — американски автомобилски тркач.
1977  Ролан Гусев — руски фудбалер.
1977  Хуан Антонио Флеча — шпански велосипедист.
1985  Томаш Бердих — чешки тенисер.
1985  Мирза Телетовиќ — босански кошаркар.
1986  Фенг Лиминг — кинески кајакар.
1986  Паоло де Челје — италијански фудбалер.

Починале:

1665  Филип IVкрал на Шпанија.
1836  Антоан Лоран де Жисје — француски ботаничар, класификатор на цветните растенија.
1924  Чудомир Кантарџиев — бугарски револуционер.
1961  Даг Хамаршелдгенерален секретар на ООН.
1970  Франце Бевк — словенечки писател.
1985  Џулијан Бек — американски режисер.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на 285 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на фондацијата Викимедија — непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Заедничка ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич